ЕК со нов предлог за трошоците за роаминг
Европејците, од средината на идната година ќе можат да ја користат мрежата на домашниот телекомуникациски оператор, без никакви дополнителни трошоци, без оглед на тоа каде се наоѓаат и колку време минуваат надвор од својата земја.

Европската комисија презентираше нов предлог со кој би се спречило плаќањето дополнителни трошоци за мобилен роаминг во земјите на Европската унија.
Европејците, од средината на идната година ќе можат да ја користат мрежата на домашниот телекомуникациски оператор, без никакви дополнителни трошоци, без оглед на тоа каде се наоѓаат и колку време минуваат надвор од својата земја.
Меѓутоа, оваа одлука со себе носи и одредени услови што корисниците ќе мора да ги почитуваат, како што е користење сим картичка од државата од која доаѓаат, или со која имаат стабилна врска, иако сѐ уште не е јасно што подразбира Европската комисија под „стабилни врски“.
