Одбиени првите два приговори на БЕСА
Откако ќе бидат разгледани останатите приговори на БЕСА, Комисијата треба да ги разгледа и оние на СДСМ.

Државната изборна комисија ја прекина седницата за одлучување по приговорите на партиите за изборниот процес. Засега Комисијата првите две пријави на движењето БЕСА како неосновани.
Комисијата е на пауза по расправата помеѓу Силвана Бонева и Сашо Срцев од ВМРО-ДПМНЕ и Игор Милев и Виолета Дума од СДСМ. Одбиен е и вториот приговор поднесен од БЕСА за избирачко место во Липково. Претходно ДИК го одби првиот приговор на движењето БЕСА за гласањето на избирачко место во Арачиново, бидејќи утврди дека немало поднесено доказ, а во записникот од избирачкиот одбор нема поднесено забелешка.
Откако ќе бидат разгледани останатите приговори на БЕСА, Комисијата треба да ги разгледа и оние на СДСМ.
ДИК е должна да реши по приговорите во рок од 48 часа по приемот. Против одлуката на ДИК, може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа од приемот на решението. Управиот суд на Република Македонија, пак, по жалбата е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по нејзиниот прием.
ДИК може по службена должност или по поднесен приговор, со решение да го поништи гласањето на гласачкото место во одредени случаи утврдени со Изборниот законик.
Против решението со кое се поништува гласањето може да се поднесе жалба до Управниот суд на Република Македонија во рок од 24 часа од приемот на решението. Управниот суд на Република Македонија е должен по жалбата да постапи во рок од 72 часа по нејзиниот прием. Повторното гласање на избирачкото место каде што е поништено се одржува 14 дена од денот на првото гласање.
Конечните резултати од изборите ДИК треба да ги соопшти најдоцна до 20 декември, откако ќе поминат роковите за приговори и одлучување по нив.
