ЕУ може да направи повеќе во борбата против курупцијата

04.02.2014 16:04

Фактурата на корупцијата во рамките на Европската Унија, според проценките, ја чини скапо европската економија, цели 120 милијарди евра.

Фактурата на корупцијата во рамките на Европската Унија, според проценките,  ја чини скапо европската економија, цели 120 милијарди евра. Односно 1% од ВБП или од произведеното богатство во  ЕУ.  Што не е малку во период на криза. Испитувањата на јавното мислење, како на Евробарометарот,  покажуваат дека корупцијата ја поткопува довербата на граѓаните во демократските институции и правната држава. Извештајот на Европската комисија, потврдува дека најдобрите елементи во ЕУ, без изненадување се Велика Британија и нордиските земји, најлошите се во Централна Европа и околу Средоземјето. Извештајот не прави ранг листа на земјите, бидејќи сите се погодени. Целта е да се покажат главните слабости во борбата против корупцијата. Како недоволната внатрешна контрола на администрациите, правилата за конфликти на интереси, ефикасноста на репресијата и судското гонење, финансирањето на политичките партии.
  
„Извештајот е прв чекор. За прв пат ние располагаме со глобален преглед на сите држави членки што ни дозволува да изработите препораки, за де се оди подалеку. Ние ќе водиме дијалог со земјите членки, со националните парламенти, европскиот парламент за следњето на овај извештај. За две години ќе биде изработен нов. Се разбира потребно е повеќе од еден извештај за да се искорени корупцијата, извештајот е само средство кое треба да ни помогне во тоа“, изјави Сесилиа Малмстром - комесар за внатрешни работи на ЕК.
 
Колку да изгледа чудно, ова е прв официјален документ од ваков вид во ЕУ.
 
Тоа што може да му се забележи на извештајот е што тој не ги обработува земјите членки поединечно, како да тие сакаа да избегнат да бидат покажани со прст, освен констатацијата дека во некои земји корупцијата е поприсутна отколку во другите.
 
За МТВ од Стразбур, Тони Гламчевски