Одложено рочиштето за објавување прислушувани разговори во Куманово
15.12.2016 14:38
Зоран Заев не се појави во судницата поради обврски во Државната изборна комисија, информираше неговиот адвокат Мирослав Вујиќ.

Одложено е рочиштето за прислушуваните разговори во Куманово. Претседателот на СДСМ, Зоран Заев не се појави во судницата поради обврски во Државната изборна комисија, информираше неговиот адвокат Мирослав Вујиќ.
Виктор Цветковски поднесе приватна тужба против Зоран Заев, Мартин Костовски и правното лице СДСМ поради објавување телефонски разговори на Цветковски.
На ова рочиште требаше да бидат сослушани обвинетите. Наредното рочиште е закажано за 20-ти јануари.
