Српскиот државјанин ја призна вината за убиството во Охрид
Бојан Угреновиќ од Краљево, Србија се изјасни за виновен за убиството на охриѓанецот, Димитар Матилоски. Како што е познато за Нова година по кратка расправија во угостителски објект во центарот на Охрид, тој надвор од него, до смрт го претепа дваесет и седумгодишниот Димитар...

Српскиот државјанин, Бојан Угреновиќ, обвинет за убиството на 27-годишниот охриѓанец, Димитар Матилоски, денеска пред судскиот совет со кој претседаваше судијата Весна Кичеец се изјасни за виновен и изрази каење за стореното дело.
Убиството се случило по кратка расправија во угостителски објект во центарот на Охрид, по што надвор од него сега обвинетиот го претепал Матилоски. Според обвинителниот акт Угреновиќ се товари за кривично дело убиство за што се предвидува затворска казна од 5 до 20 години, а со оваа квалификација не се согласува правниот застапник и семејството Матилоски кои бараат сторителот да одговара за кривично дело „свирепо убиство“.
Застапникот на семејството Матилоски побара оштетно побарување од 10 милиони денари. Судот дополнително ќе определи термин за да ја соопшти пресудата.
Сашо Нелоски
