Над 600 лекари заминале во последните 5 години
Според истражувањето на меѓународната организација „Хелтгрупер“ како причини се наведени економската положба, професионалниот развој, но и политичката состојба во земјава. Со овој проблем се соочува цел Западен Балкан.

Повеќе од 600 лекари заминале од Македонија во последните 5 години- покажуваат податоците на Лекарската комора. Најголем дел од нив се млади лекари. Според истражувањето на меѓународната организација „Хелтгрупер“ како причини се наведени економската положба, професионалниот развој, но и политичката состојба во земјава. Со овој проблем се соочува цел Западен Балкан.
„Трендот на заминување или на миграција на лекарите е присутен во сите четири земји. Во Македонија основните причини поради кои лекарите заминуваат се можностите за професионален развој, можностите за поголема економска соработка и подобар живот за семејствата. Она што е карактеристично во сите четири земји е дека како причина за отселување е и политичките состојби“, рече Владимир Лазаревик, кој ги презентираше резултатите од истражувањето за Македонија.
Според Маја Крстиќ, претставник од Србија, главна причина за заминување на лекарите од Србија се ниските плати, но и невработените млади лекари. Во моментов кај нас има ограничување за вработување во здравствениот систем, се вработуваат само лекари, кога нивен колега ќе замине во пензија. Тоа придонесе во Србија да има 2.600 невработени лекари- вели Крстиќ.
