СКСЗМ: Навикнавме на кризата

15.12.2016 16:21

Бизнисмените од Северозападната комора велат- веќе навикнавме на економската и политичката криза. Проблем се финансиските средства. Очекуваат институциите да работат со полн капацитет, новата влада да ги усвои нивните предлози.

Драгоцено време и можност за позначителен раст изгуби бизнисот со политичката криза. Очекува, институциите да почнат да функционираат со полн капацитет, да ги усвојат нивните предлози, во спротивно доведени ќе бидат во прашање домашните и странски инвестиции- велат работодавачите. Од Комората на северозападна Македонија (СКСЗМ) пак со став- навикнавме на кризата, финансиските средства се главниот проблем. И покрај економските проблеми и намалената побарувачка, стоте најуспешни нивни членки успеале да ги задржат позициите.

„Навикнати сме на такви политички турбуленции, меѓутоа, тоа сепак влијае врз бизнисот, особено врз инвестициите кои ги планираат за во иднина. Компаниите кои се рангирани во ТОП 100 и во ТОП 10, се сериозни и се компании кои со децении работат“, вели Неби Хоџа, претседател на Стопанската комора на Северо-западна Македонија.

Статистичките податоци покажуваат прометот на 100-те поголеми компнаии членки на Северозапдната комора тежи над 622 милиони, со нето добивка што достигнува до 36 милиони евра и околу пет илјади вработени. Од владата велат, резултатите се показател за добрите менаџирања во фирмите без оглед на комплицираната политичка состојба и несигурсноста за носење стратешки одлуки.

 

Сузана Фиданска- Стоевска