Реакција на ОМД за средбите на Рама со македонските лидери на албанските партии
Еди Рама директно се меша во внатрешните работи на државата, реагира Обединетата Македонска дијаспора преку соопштение до јавноста по информациите дека албанскиот шеф на владата ги повикал на средби лидерите на македонските политички партии од албанскиот блок.

Премиерот на Албанија, Еди Рама директно се меша во внатрешните работи на државата, реагира Обединетата Македонска дијаспора преку соопштение до јавноста по информациите дека албанскиот шеф на владата ги повикал на средби лидерите на македонските политички партии од албанскиот блок.
Според ОМД, Рама е повеќе од добродојден да се среќава со албанското малцинство во Македонија, но, како што соопштува, „средба со нив само ден откако Државната изборна комисија ги објави резултатите, кои од некои политички партии се оспоруваат, вклучувајќи ги оние кои го застапуваат албанското малцинство, и на истиот ден, како што опозициската СДСМ најави силна опозиција на ВМРО-ДПМНЕ за формирање влада, ги поткопува добрососедските односи и се меша во внатрешните работи на Македонија“, се вели во соопштението.
