НБРМ пушти во оптек банкноти од 200 и 2.000 денари

15.12.2016 16:51

Од денеска ќе можат да се подигаат нови пари. Народна банка ги пушти во оптек банкнотитe од 200 и од 2.000 денари. Пет илјадарките се повлекуваат. До крајот на февруари замената ќе ја вршат деловните банки, а од 1-ви март НБРМ.

Нови книжни пари од 200 и 2.000 денари од денеска се пуштени во оптек, а банкнотата од 5.000 денари е повлечена. Воведувањето на овие два нови апоена претставува прва промена по период од 20 години. Според граѓаните ова е одличен потег.

„5.000-ката не беше во функција воопшто, тешко можеше да се сретне. Вака со 2.000 денари, не е многу голема сума и ќе биде подобро.“

„Јас не сум ги видел банкнотите како изгледаат, но сметам дека е голема инфлација, штом станува збор за голема банкноста, не е добра ситуацијата.“

„Мислам дека е исправна одлука бидејќи 5.000-ката не беше функционална.“

„5.000 денари беше тешко да ги потрошиш, не можеш пазар да направиш“- велат граѓаните кои ги анкетиравме.

Според Народна банка на Република Македонија одлуката за издавање книжни пари од 200 и 2.000 денари е произлезена од реално согледаната потреба за ребалансирање на постојната апоенска структура на книжните пари во оптек.

Паралелно со воведување на новите книжни пари ќе се одвива и процесот на повлекување на пет илјадарките. Ова од НБРМ го објаснуваат со нивното неприфаќање од пошироката јавност.

Банкнотите од 5.000 денари до 28-ми февруари наредната  година ќе се заменуваат во деловните банки, а од 1-ви март 2017-та во Народна банка на Република МакедОнија. 

 

Ана Јосифоска- Тодоровска