ДИК продолжува со работа напладне
Досега се одбиени три приговори поднесени од коалицијата предводена од СДСМ и седум од движењето БЕСА. На седницата жолчни расправи, тензии, наколку паузи и повикување на членови на избирачки одбори...

Државната изборна комисија го проби рокот за одлучување по приговорите поднесени од СДСМ и движењето БЕСА. Ноќеска во 3 часот и 30 минути по полноќ членовите на Комисијата ја прекинаа седницата и најавија дека расправата продолжува денеска напладне.
Досега се одбиени три приговори поднесени од коалицијата предводена од СДСМ и седум од движењето БЕСА. На седницата жолчни расправи, тензии, наколку паузи и повикување на членови на избирачки одбори. За еден приговор од БЕСА беше побарано графолошко вештачење на потписот на еден гласач во изборно место во Гостивар.
Граѓани и поддржувачи на владејачката ВМРО-ДПМНЕ синоќа се собраа пред ДИК, додека Комисијата ги разгледуваше приговорите поднесени од политичките партии во врска со изборните резултати. Како што рекоа, се собрале за да спречат да биде одземена волјата на мнозинството гласачи. Пред присутните се обратија Антонио Милошоски, Влатко Ѓорчев и Илија Димовски, како и дел од носителите на изборните листи на ВМРО-ДПМНЕ.
