Гингрич: Трамп ќе работи на враќање на благосостојбата во Америка

16.12.2016 10:26

Изборот на членови на кабинетот на новиот американски претседател Доналд Трамп веќе навестуваат каква ќе биде идната американска политика. Трамп по официјалното преземање на функцијата најпрво ќе работи на враќање на благостостојбата во Америка, вели еден од неговите најголеми поддржувачи сенаторот Њутн Гингрич.

Кабинетот на новиот американски претседател Доналд Трамп ќе ги спроведува ветувањата од изборната кампања, ставајќи акцент на Америка и враќањето на економскиот просперитет, безбедноста и довербата во државните институции. Трамп нема да дозволи земјата да биде искористувана од странски држави и ќе води таква надворешна политика, вели неговиот поддржувач сенаторот Њутн Гингрич.

„Очекувам новиот државен секретар да разговара и да преговара со сите, но тоа ќе го прави  врз основа на американските вредности и интереси. Нема да биде ,како што кажуваше поранешниот државен секретар Џорџ Шулц, дека кога ќе прател нов амбасадор во странство и го прашал која држава ќе ја застапува, во четири од пет случаи, амбасадорите покажувале на државата каде се испраќаат, а не Америка. Постои проблем во Стејт Департментот, каде што 80 проценти од вработените не знаат кого претставуваат“, изјави Њутн Гингрич, републиканец сенатор од Џорџија.

Новиот американски претседател создаде движење во Америка за враќање на американските интереси пред глобалните, вели сенаторот Гингрич. Тој предвидува дека Трамп во првиот мандат ќе ги намали даноците и ќе создаде можности за отворање работни места, ќе ги поништи штетните трговски договори и закони како Обамакеир, ќе изгради ѕид кон Мексико за да стави контрола на имиграцијата, ќе им даде целосна поддршка на воените и полициските сили и ќе ја обнови инфраструктурата во Америка.

Сенаторот Гингрич беше првиот американски сенатор којшто прв му даде поддршка на Трамп.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ