Петир: Неприфатливо е менување на волјата на гласачите
Според Петир, Македонија имала многу успешен изборен ден, како и фер, демократски и мирни избори, без никакви забележани нерегуларности. Тоа вели, е забележано и од страна на ОБСЕ/ОДИХР, а го потврди и Европската унија.

Европратеничката и претседател на групата „Пријатели на Македонија во Еевропскиот парламент“, Маријана Петир, изрази загриженост поради случувањата на седницата на Државната изборна комисија каде, според неа, се прават обиди да се промени волјата на мнозинството граѓани изразена на фер и слободни демократски избори.
Хрватската политичарка во изјава за МИА рече дека „овој притисок врз ДИК е крајно загрижувачки и не е прифатлив“ и дека „опозицијата доби се што бараше и сега треба да се почитува победата на ВМРО-ДПМНЕ на изборите“.
Според Петир, Македонија имала многу успешен изборен ден, како и фер, демократски и мирни избори, без никакви забележани нерегуларности. Тоа вели, е забележано и од страна на ОБСЕ/ОДИХР, а го потврди и Европската унија.
Официјален Брисел очекува формирање на стабилна и силна влада којашто треба да донесе програма за реформи и враќање на Македонија на евроатланскиот пат.
