Македонија го презема претседавањето со Јадранската повелба
Се очекува на состанокот, министрите за надворешни работи да разменат мислења за актуелната политичка состојба и безбедносните предизвици во Југоисточна Европа, со посебен акцент на евроатлантските процеси во Регионот.

Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денска ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на Јадранската повелба - Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина и САД што се одржува во Загреб во рамки на хрватското претседавање со Повелбата.
Се очекува на состанокот, министрите за надворешни работи да разменат мислења за актуелната политичка состојба и безбедносните предизвици во Југоисточна Европа, со посебен акцент на евроатлантските процеси во Регионот.
На министерскиот состанок Република Македонија ќе го преземе претседавањето со Јадранската повелба.
