Рочиште за настаните пред Општина Центар
Првото рочиште беше закажано за 21-ви ноември, на истиот ден кога почна и кампањата за парламентарните избори, но беше одложено бидејќи адвокатот на Јанакиески го известил судот дека има службени обврски.

Никола Груевски и Миле Јанакиески треба да се појават во скопскиот Кривичен суд за случајот Општина Центар. Судењето ѝ е доделено на Татјана Михајлова која е в.д. претседателка на судот.
Првото рочиште беше закажано за 21-ви ноември, на истиот ден кога почна и кампањата за парламентарните избори, но беше одложено бидејќи адвокатот на Јанакиески го известил судот дека има службени обврски.
Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство, според материјалите од прислушуваните разговори. Според информациите и од одбраната и од обвинителите од СЈО, тие се подготвени за главната расправа.
