Катастар: Да се продолжи рокот за изработка елаборати за дивоградби

16.12.2016 12:23

Се очекува уште 70 илјади компании и граѓани да поднесат барања, а Катастарот ќе бара да се продолжи рокот до кога треба да се изготват елаборатите.

Агенцијата за Катастар на недвижности апелира граѓаните и компаниите до крајот на месецов да поднесат барање за изготвување елаборати за легализација на дивоградбите. Рокот истекува на 31-ви декември. Службите белат зголем интерес.

Се очекува уште 70 илјади компании и граѓани да поднесат барања, а Катастарот ќе бара да се продолжи рокот до кога треба да се изготват елаборатите.

„Свесни дека не може за 20-тина дена да се изработат, апелираме до 31-ви декември да се поднесат барањата за изработка на елаборати, а Агенцијата за катастар на недвижности  ќе бара да се продолжи рокот до кога геодетските компании ќе треба да ги изготват елаборатите“, изјави директорот на Катастар, Славче Трпески.

Тој посочи дека единствено Собранието, кое сѐ уште не е конституирано по предвремените парламентарни избори, може да го продолжи рокот за легализација на бесправно изградените објекти.

Досега се легализирани речиси 168 илјади објекти.