Подготвително рочиште за случајот Општина Центар

16.12.2016 13:17

Судењето ѝ е доделено на Татјана Михајлова која е в.д. претседателка на судот. Се презентираат докази во постапката.

Никола Груевски и Миле Јанакиески се појавија на подготвителното рочиште во скопскиот Кривичен суд за случајот Општина Центар. Во скопска единица се појави и обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи. Судењето ѝ е доделено на Татјана Михајлова која е в.д. претседателка на судот. Се презентираат докази во постапката.

Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство, според материјалите од прислушуваните разговори. Обвинението е поднесено против 14 лица за кривично дело насилство, за пет лица како поттикнувачи и за деветмина како директни извршители на насилството.