Во Аџибадем Систина отворен современ онколошко- радиолошки центар

04.02.2014 16:20

Нова надеж за најтешко болните. На едно место пациентот со канцер може да добие комплетно лекување ...

Нова надеж за најтешко болните. На едно место пациентот со канцер може да добие комплетно лекување – од хируршки третман до радиотерапија. Центарот е опремен со апарат за радиологија - Трилоџи, два акцелератора и ПЕТ центар. Докторите велат дека моќта на Трилоџи-апаратот е во тоа што овозможува прецизна распределба на зрачењето за лекување на туморот, без да се оштетуваат здравите органи. 
 
-Им овозможува на лекарите да изберат мегу најсоодветните модалитети видови на третман на канцер во телото како и во вратот и главата на пациентот, вели д-р Бану Аталар,специјалист по онкологија и радиологија.
 
-Сите постулати за современо лекување на карциномската болест и карциномот на дојката станаа реалност, нагласи д-р Митко Караѓозов, тораковаскуларен хирург.
 
Овој центар може да им биде достапен и на осигурениците на Фондот за здравство ако се потпише договор со болницата.
 
Андријана Атанасовска