Скијање - Светски куп (жени)
Штухец веќе не е изненадување
16.12.2016 21:06
За третата победа во кариерата, Штухец имаше 12 стотинки подобро време од Швајцарката, Гисин и 16 од Италијанката, Гоџа.

Иако Тина Мазе е на привремена пауза, Словенија и натаму има врвна скијачка. 26-годишната, Илка Штухец победи на првата комбинација сезонава и тоа во италијански Вал ди Зер, откако славеше на двата спуста во Лејк Луис.
За третата победа во кариерата, Штухец имаше 12 стотинки подобро време од Швајцарката, Гисин и 16 од Италијанката, Гоџа.
По десет трки, Штухец е само петта во Светскиот куп со 153 бода помалку од првопласираната Американка, Шифрин.
