Продолжува евакуацијата во Алепо

19.12.2016 10:20

Првичните обиди за евакуација беа попречени поради непочитување на примирјето.

Продолжува евакуацијата на цивилите и борците од источниот дел на Алепо. По неколкучасовниот прекин на операцијата, сириската армија и сојузниците им дозволиле на пет автобуси и две амбулантни возила да го напуштат градот.

Првичните обиди за евакуација беа попречени поради непочитување на примирјето.

Во меѓувреме, претседателите на Русија и на Турција, Владимир Путин и Реџеп Таип Ердоган разговарале за нови преговори меѓу владините сили и умерената опозиција на Сирија, но на казахстански терен.