СДСМ поднесе четири тужби до Управниот суд

19.12.2016 10:30

Комисијата им ги одби сите шест приговори. Два беа повлечени од овластениот претставник на партијата.

СДСМ во законскиот рок поднесе четири тужби на решенијата на Државната изборна комисија по приговорите за гласањето во неколку избирачки места во шестата изборна единица. Комисијата им ги одби сите шест приговори. Два беа повлечени од овластениот претставник на партијата.

„Управниот суд е должен да ги земе во предвид сите аргументи во тужбите. ДИК не одговори на сериозната задача за целосна заштита на изборниот процес во делот на одлучувањето по приговорите. Институциите мора да работат во служба на граѓаните“, изајви Петре Шилегов.