ВМРО-ДПМНЕ: Тужба до Управен за прифатениот приговор на БЕСА

19.12.2016 10:32

Како што стои во дописот, ваквата незаконска одлука на Државната изборна комисија директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на Коалицијата „За подобра Македонија“ и ја оспорува јасно изразената волја на мнозинството од македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ како предводник на Коалицијата „За подобра Македонија“ синоќа до Управниот суд поднесе тужба против решението на Државната изборна комисија со кое се уважи приговорот на движењето БЕСА и се поништија изборните резултати на едно гласачко место во општина Гостивар, информираат од Центарот за комуникации на партијата.

Како што стои во дописот, ваквата незаконска одлука на Државната изборна комисија директно влијае на вкупните изборни резултати на штета на Коалицијата „За подобра Македонија“ и ја оспорува јасно изразената волја на мнозинството од македонскиот народ.

ВМРО-ДПМНЕ во соопштението повикува да не се врши притисок врз Управниот суд од никого и судиите да одлучуваат исклучиво врз основа на закон. Секое поинакво постапување би било фалсификување и крадење на јасно изразната волја на граѓаните со постизборен инженеринг, наведува ВМРО-ДПМНЕ.