Ад- хок телото не покрена прекршочни постапки
19.12.2016 10:34
Два предлога за поведување постапки беа одбиени, а во повеќето случаи Комисијата едногласно гласаше против поведување постапка.

Привремената комисија за следење на медиумското претставување реши да не покрене ниту една прекршочна постапка против медиумите. Предмет на разгледување беа извештаите за последните десет дена од изборната кампања.
Два предлога за поведување постапки беа одбиени, а во повеќето случаи Комисијата едногласно гласаше против поведување постапка.
Со вчерашната седница заврши оценувањето на работата на телевизиите и на радијата во врска со изборите.
