Нимиц ја чека новата влада во Македонија

19.12.2016 10:36

На почетокот на идната година Нимиц планира да го посети првин Скопје за да ги чуе новите планови на владата, па потоа Атина. Откако ќе ги добие потребните сознанија, дури тогаш се очекува да се произнесе со конкрети ставови и предлози.

Медијаторот Метју Нимиц е подготвен за нов почеток на разговорите меѓу Македонија и Грција за името, но како што пренесува грчкиот весник „Катимерини“, прво треба да се состави новата влада.

На почетокот на идната година Нимиц планира да го посети првин Скопје за да ги чуе новите планови на владата, па потоа Атина. Откако ќе ги добие потребните сознанија, дури тогаш се очекува да се произнесе со конкрети ставови и предлози.

По последната средба на медијаторот со министрите за надворешни работи на двете земји во септември, изјави дека предуслов за каков било напредок е постоење на силни влади во Грција и во Македонија.