Биомасата како замена за фосилните горива
Преку проектот „Биофос“ финансиран од програмата ИПА за прекугранична соработка, Битола од идната година ќе почне да го реализира пилот- проектот за загревање на спортската сала „Младост“, преку промоција на биомаста, како замена за фосилните горива, во подигањето на топлинската и енергетската ефикасност.

Преку проектот „Биофос“ финансиран од ИПА програмата за прекугранична соработка финишира пилот проектот за промоција на биомасата како замена за фосилните горива и подигање на топлинската, енергетската и еколошката ефикасност во некои јавни битолски институции. Од следнава година придобиките прва ќе ги почувствува спортската сала „Младост“. Со доделените околу 90 илјади евра, набавена е современа мини палкет линија која е инсталирана во ЈП Комуналец и котел на биомаса вграден во енергетската постројка на салата. Ако се има предвид дека за нејзино загревање на годишно ниво се трошеле околу 100 тони мазут, ефектите треба да бидат повеќекратни.
„Очекуваме потрошувачка на пелети од 145 тона на годишно ниво, што би повлекло заштета од окулу 20 илјади евра како и огромен ефект од топлински и еколошки момент“, рече одговорниот за оваа проблемика во општинската администрација, Горан Неделков.
Со свој имлементирани активности и партнерите во проектот грчката општина Аминтео и експертите од тамошниот Технолошко- образовен институт.
„Ние имаме направено ревизија на 15 стари станбени згради и исто така направивме пилот студиии во Аминдео на оние места каде не се користи централно греење“, вели д-р Димитрос Циамитрос, од Технолошко образовниот институт.
„Во општина Аминдео и општина Филота успеавме да го намалиме процентот на користње на лигнитот, а со тоа и намалување на сметките кон државната компанија“, вели градончалникот на Аминдео, Тодоридис Констатидос.
Позитивни примери нашите јужни соседи прикажаа и во зејоделието. Едногласни се дека и по завршувањето на 18-месечниот зеднички проект, соработката и размената на искуства треба да продолжи посебно во студиските програми со кои се опфатени едно битолско основно училиште и урбаната заедница „Борис Бастеро“. Експертите велат потенцијали има и треба да се користатат доколку сакаме заштеда на досегашните енергенси и почист воздух
Стевче Митревски
