Прилеп го прославува Свети Никола

19.12.2016 10:49

Почна сезоната на славите, а тоа е време кога ги собираме своите најблиски и со нив го чествуваме заштитникот на својата куќа. Нема да се погреши ако се каже дека Свети Никола е најпразнуван светец кај православните верници. Воедно, тој е и заштитник на Прилеп. Се слави со посни сарми, грав и риба. Со подготвени над 80 илјади сарми пред неколку години, прилеп за прв пат се запиша во гинисовата книга на рекорди.

Многу умешност, уште повеќе љубов и посветеност се потребни да се свиткаат 65.000 мали посни сарми. Така размислуваат прилепчанки кои 11-та година по ред трпеливо ги приготвуваат познатите посни, но и гинисови сарми.

Со утринска литургија и посна трпеза во центарот, Прилеп денеска го слави градскиот празник „Свети Никола“. Некои со домашната, а сите со градската слава, прилепчани подготвени да ја продолжат, велат, вековната традиција.

Свети Никола е своевиден вовед во новогодишните празнувања.

 

Елизабета Ристеска