Се урна руски авион во Сибир, повредени 16 лица

19.12.2016 11:05

Во леталото од типот ИЛ-18 се превезувале 39 патници и членови на екипажот.

16 лица се повредени кога се урна руски воен авион во Јакутија, Сибир. Во леталото од типот ИЛ-18 се превезувале 39 патници и членови на екипажот.

Руските медиуми претходно соопштија дека несреќата ја преживеале само шест лица, но Министерството за одбрана ги демантираше информациите, нагласувајќи дека во ицидентот нема загинати.