Средба Заев- Бејли
19.12.2016 12:49
Мнозинството граѓани во Македонија избра промени на парламентарните избори и нивната волја мора да биде почитувана, стои во дописот од партијата.

Во седиштето на СДСМ, средба на лидерот на партијата Заев и американскиот амбасадор во змејава Бејли. Мнозинството граѓани во Македонија избра промени на парламентарните избори и нивната волја мора да биде почитувана, стои во дописот од партијата.
Македонија ќе добие влада која што ќе работи во интерес на сите граѓани, рекол Заев на средбата со американскиот амбасадор. Претседателот на СДСМ нагласил дека институциите се должни да работат во нивна служба.
