ЕК: ДИК и судовите да работат непречено, без притисок и политичко влијание
Комисијата ги забележа прелиминарните резултати на изборите, како и резултатите од жалбите и сега го очекува исходот од процесот на жалбите. Комисијата ги повикува сите заинтересирани страни да се однесуваат одговорно, со цел да се зајакне довербата на граѓаните во јавните институции и во демократските процеси, порача Коцијанчич.

Официјален Брисел бара Државната изборна комисија и судовите да се остават да работат непречено, без притисок и политичко влијание. Овој став го пренесе портпаролката на Европската комисија, Маја Коцијанчич.
Комисијата ги забележа прелиминарните резултати на изборите, како и резултатите од жалбите и сега го очекува исходот од процесот на жалбите. Комисијата ги повикува сите заинтересирани страни да се однесуваат одговорно, со цел да се зајакне довербата на граѓаните во јавните институции и во демократските процеси, порача Коцијанчич.
Уште еднаш го повтори делот од заедничкото соопштение на потпретседателката на Европската комисија, Федерика Могерини и еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, дека се очекува брзо формирање на новиот парламент и на новата влада и спроведување на реформите.
Комисијата ќе продолжи со поддршката на земјата во процесот на европската интеграција, потенцира гласноговорничката на неформалната влада на Европската унија.
