Прилеп го слави Свети Никола
Прилепчани ја продолжуваат традицијата. По 11-ти пат организирано го слават патронот на градот Свети Никола. Посната заедничка трпеза треба да ги зближи сите, порачуваат граѓаните, а домаќините и организаторите сметаат- вербата им ја потврдила успешната година.

Посна трпеза, многу благослови, долга традиција. Прилепчани го слават светецот заштитник, патронот на градот - Свети Никола. Ова е логична традиција - на половината прилепчани им е домашна слава, а другите им одат на гости.
Заштитникот на морепловците, онеправданите, сиромашните е пример за мчовековите морални вредности.
Годнашниов домаќин, фирмата „Васидора“ се потруди за сите да има на трпезата- симболот на бериќетот. Приготвени се 65.000 посни сарми, 200 килограми грав, 350 килограми риба, 100 килограми маслинки, овошје, 2.000 литри вино. Честа е голема, а градот по 11-ти пат оргинизирано слави.
Новиот домаќин на прославата на Свети Никола догодина е компанијата „Салида“.
Елизабета Митреска
