НБА

Чикаго смрзна, ветераните имаа своја вечер

04.02.2014 16:52

Некогашната казнена експедиција беше демолирана од Сакраменто, највозрасните ѕвезди беа...

Некогашната казнена експедиција беше демолирана од Сакраменто, највозрасните ѕвезди беа несопирливи во триумфите на своите екипи, Дјурант се врати на +30 поени.
 
Екипата од Чикаго потсеќа на пост Џордан ерата, кога беше оставена на милост и на немилост, на сите што имаа кошмари од златната генерација на 90-тите години. Овој пат со Булс се иживуваше Демаркус Казинс, со 25 поени и со 16 скокови, предводејќи ги Сакраменто Кингс до победа со резултат 99:70.
 
Кевин Дјурант се врати на учинокот со повеќе од 30 поени по натпревар, постигна 31 во триумфот на Оклахома Сити против Денвер Нагетс, 86:77. Леброн Џејмс остана на два скока до трипл дабл во победата на Мајами против Детроит, 102:96. Кралот имаше 24 поени, 11 асистенции и 8 скокови.
 
Кармело Ентони постигна 36 поени, Смит додаде 30 кои што не беа доволни за Њујорк, во поразот кај Милвоки, 101:98. Тони Паркер со 32 поена беше најзаслужен за победата на Сан Антонио против Њу Орлеанс, 102:95, а Пол Пирс со 25 поени за триумфот на Бруклин против Филаделфија, 108:102.
 
На другите средби:
 
Вашингтон – Портланд 100:90
Индијана - Орландо 98:79
Далас – Кливленд 124:107
Денвер – Клиперс 116:115
Јута – Торонто 79:94