Џолев очекува отфрлање на иницијативата поднесена од Панчевски

19.12.2016 15:11

Јавна седница на Советот за утврдување на факти. Судијата Иван Џолев одговораше по пријавата што против него ја поднесе поранешниот претседател на скопска единица, Владимир Панчевски. Адвокатот на Џолев очекува – пријавата да биде отфрлена.

Со бранител и јавно пред медиумите, како што побара самиот, судијата Иван Џолев даде изјава пред Комисијата на советот за утврдување факти и поведување постапка за утврдување одговорност за судија. Исказот го даде по однос на иницијативата поднесена од поранешниот претседател на судот Владимир Панчевски. Тогашниот претседател го товари поради патувањето на меѓународен конгрес заради кое Џолев бил отсутен од работа. Џолев приложи докази дека навреме го известил претседателот за патувањето и за неговото отсуство нашол замена- судијата Насер Хаџиахметагиќ. Тој се повика на резолуцијата, на соодветниот документ, како што рече, дека работниот распоред за дежурствата може да се менува, односно дека судиите во предвидените дежурства можат самите да се заменуваат. Прашан од Комисијата дали за тоа претседателот мора да донесе одлука, Џолев одговори дека во судот тоа до сега не било практика. По сослушувањето неговиот бранител, рече дека очекува постапката да биде запрена бидејќи, како што рече, не произлегува ниту еден факт ниту една околност од барањето.

После овој истражен дел во кој се испитуваат сите околности во врска со конкретниот случај, комисијата ќе одлучи дали ќе изведува нови докази или не. Потоа комисијата ќе изготви извештај и ќе му го достави на Советот за утврдување факти.

Судијата Џолев поднесе две претставки портив Панчевски во Судскиот совет и една кривична пријава до Јавното обвинителство кое му ја одби. Но, тој ја обжали.

Инаку до Советот за утврдување факти и поведување постапки за одговорност до 16-ти месецов притстигнале вкупно 906 предмети, од нив 484 се од Судскиот совет, во работа биле 90, а се формирани 19 комисии од кои до Судскиот совет се поднесени 3 барања за поведувања постапка, за едно е поведена постапка, две се одбиени.

 

Фиљана Кока