Над илјада лица приведени во Турција поради соработка со Курдите и ИД
19.12.2016 15:18
Уапсени се 924 лица поради помагање на борци од ПКК, а приведени се и 88 членови на ИД.

Турската полиција приведе над илјада лица во операции против бунтовниците на Курдската работничка партија (ПКК) и активисти на Исламска држава.
Уапсени се 924 лица поради помагање на борци од ПКК, а приведени се и 88 членови на ИД.
Во акциите извршени во 45 окрузи, уништени се 24 засолништа на терористи, одземени се 700 килограми експлозив, бомби и оружје.
