Да се зголеми учеството на младите во општествените процеси
Инстутициите да одвојуваат повеќе пари за младите, потребно е да се зголеми учеството на оваа популација во општествените процеси. Во Скопје - дебата за младинската вклученост.

Во Македонија, Албанија, Србија и во Турција не се води статистичка евиденција за вклученост на младите во повеќе сфери во кои се активни. Невладиниот сектор укажува дека ова е важно за да се идентификуваат проблемите на оваа категорија граѓани.
„Голем дел од државните институции не поседуваат информации, како на пример нема бројка колку млади учествуваат во спортски клубови или колку од нив се активни, нема бројка на луѓе кои што се со пречки во развојот. Исто така, голем дел од овие информациите ги имаат невладините организации или од истражувачки институти, но тие не се сметаат за релевантни“, изјави Антоанета Иванова, претседател на Млади Инфо.
Организацијата „Млади Инфо“ е дел од група невладини организации кои преку регионален проект истражуваат колкава е вклученоста на младите во јавниот живот и во процесите на донесување одлуки на локално ниво. Досегашните наоди се поразителни.
„Мислам дека секаде е потребна поголема вклученост на младите. И кога станува збор за вработување на младите, во доменот на пазарот на трудот, меѓутоа и кога станува збор за вклучување во носењето на одлуки на секое ниво, регионално, локално ниво. Треба да бидеме свесни дека сме млади луѓе кои што имаме можност да го дигнеме нашиот глас и да се бориме за она што ни следува“, вели Марија Матовска, координатор на програмата.
Еден од заклучоците на панел дискусијата во Скопје е дека во наредниот период треба да се работи и на дефинирање на поимот млади. Не само во Македонија, туку во целиот регион.
Андријана Атанасовска
