ДПМ одбележа 95 години од раѓањето на Блаже Конески

19.12.2016 16:26

Со собир на поети од различни генерации, Друштвото на писателите на Македонија ја одбележа 95- годишнината од раѓањето на Блаже Конески, првиот претседател на Македонската писателска асоцијација, човек кој остави длабока трага во македонската национална и културна историја.

20 поети од различни генерации и Друштвото на писатели му оддадоа почит на големиот творец и научник, прв претседател на Македонската писателска асоцијација, чиј опус како поет, раскажувач, есеист, филолог и преведувач, остави длабоки траги во македонската национална и културна историја. Одбележани 95 години од раѓањето на Блаже Конески.

Беа одбележани и 23 години од смртта на Конески, како и 67 години од неговата прва објавена стихозбирка „Земја и љубовта“.

Овие годишнини доаѓаат непосредно пред големиот јубилеј во февруари, Друштвото на писателите на Македонија ќе одбележи 70 години од формирањето. Дел од говорниците рекоа дека Друштвото го поимаат и чувствуваат како духовен и творечки столб и атрибут на државотворноста.

Ана Јосифоска- Тодоровска