„А“ „група на смртта“ на СП во кошарка

04.02.2014 16:54

Домаќинот и екс светски првак Шпанија, актуелниот европски шампион Франција, Србија, Бразил, Египет...

Домаќинот и екс светски првак Шпанија, актуелниот европски шампион Франција, Србија, Бразил, Египет и Иран се во најсилната „А“ група на СП што е на програмата од 30 август до 14 септември годинава во шест шпански градови. Ова е епилогот на ждребот што по континентален принцип се одржа во Барселона. Во групата во Билбао се финалистите од последниот мундијал, бранителот на тронот, репрезентацијата САД и  селекцијата на Турција.

А група ( Гранада ) Шпанија, Србија, Франција, Бразил, Египет, Иран.

Б група ( Севиља )  Филипини, Сенегал, Порторико, Аргентина, Грција, Хрватска.

Ц група ( Билбао) САД, Доминиканска Република, Турција, Финска Нов Зеланд, Украина.

Д група ( Гран Канарија ) Словенија, Литванија, Ангола, Кореја, Мексико, Австралија.

Пласман во следната фаза што ќе се игра во Барселона и во Мадрид, ќе обезбедат четирите најдобри селекции по петте рунди во групите.