Средба Ахмети- Бејли

19.12.2016 16:36

Од партијата информираат дека Ахмети ги истакнал важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и јазичната и економската еднаквост, реформите и владеењето на правото, како и евро-атлантската интеграција.

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, се сретна со американскиот амбасадор Џес Бејли. Од партијата информираат дека Ахмети ги истакнал важноста на склучувањето на Рамковниот договор, но и јазичната и економската еднаквост, реформите и владеењето на правото, како и евро-атлантската интеграција.

ДУИ е посветена на одржување на стабилноста, стратешка определба на земјата и партнерство со Брисел и Вашингтон- посочил Ахмети на средбата.