Засега нема повредени или загинати македонски граѓани во нападот во Берлин

20.12.2016 08:06

Според информациите од Македонската амбасада засега нема пријавено дека некој македонски граѓанин е жртва во инцидентот, кој според полицијата е терористички акт.

Според првичните информации од Mакедонската амбасада во Берлин во вечерашниот напад кој според берлинската полиција нема повредени или загинати македонски граѓани.

Според информациите од Македонската амбасада засега нема пријавено дека некој македонски граѓанин е жртва во инцидентот, кој според полицијата е терористички акт.

Амбасадата на Република Македонија е во контакт со германските власти.

Во нападот според досегашните информации загинале 9 луѓе а повредени се над 50.