Управниот суд ќе ја разгледува тужбата од ВМРО-ДПМНЕ
Управниот суд синоќа ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на ДИК за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.

Управниот суд денеска ќе одржи седница на која ќе ја разгледа тужбата од Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори на 11-ти декември, која се однесува на решението на Државната изборна комисија за прифатениот приговор на БЕСА.
Тужбата, како што соопшти Судот, се однесува за поништување на Решението на Државната изборна комисија УП1.10-487 од 16.12.2016 година заведена под УРП.бр.517/2016.
Со Советот на судии ќе претседава Есма Алибашиќ Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани.
Управниот суд синоќа ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на ДИК за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11-ти декември.
Одлуките по тужбите Управниот суд треба да ги донесе најдоцна 24 часа по расправата по нив и да ги објави на неговата веб страница. Одлуките на Управниот суд се конечни.
Судот тртеба да разгледа уште две тужби поднесени од СДСМ за предвремените парламентарни избори.
