Осомничениот напаѓач во Берлин е 23-годишен Пакистанец
20.12.2016 11:16
Германски специјални сили извршија претрес во Центарот за бегалци, кој се наоѓа во затворениот берлински аеродром Темпелсхоф. Испрашани се четири млади лица, сместени во Центарот за бегалци.

Осомничениот извршител на нападот во Берлин е 23-годишниот Пакистанец, Невед Б., објавија германските медиуми.
Во исто време германски специјални сили извршија претрес во Центарот за бегалци, кој се наоѓа во затворениот берлински аеродром Темпелсхоф. Испрашани се четири млади лица, сместени во Центарот за бегалци.
Засега властите не коментираат дали претресот во Центарот за бегалци е поврзан со нападот на Божикниот базар.
