Управниот суд ќе ги разгледува двете тужби на СДСМ и едната на ВМРО-ДПМНЕ

20.12.2016 11:22

Во 12 часот се закажани две седници, за една тужба на СДСМ и една на ВМРО-ДПМНЕ. Советот на судии што ќе ја разгледува тужбата на СДСМ УП1.бр.10-489 е во состав Мустафа Шахини, претседател и Даниела Антовска, Димитрула Апостоловска, Билјана Никодиновска-Петровска и Габриела Михајловска, членови.

Управниот суд денеска треба да ги разгледа преостанатите две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ и една од ВМРО-ДПМНЕ.

Првата тужба на СДСМ на решението на ДИК УП1.бр.10-488 Судот најави дека ќе ја разгледува во 10:30 часот. Советот од судии го сочинуваат Лулзим Салиу, претседател и Нада Иванова, Едита Насковска, Снежана Трповска и Истет Амет, членови.

Во 12 часот се закажани две седници, за една тужба на СДСМ и една на ВМРО-ДПМНЕ. Советот на судии што ќе ја разгледува тужбата на СДСМ УП1.бр.10-489 е во состав Мустафа Шахини, претседател и Даниела Антовска, Димитрула Апостоловска, Билјана Никодиновска-Петровска и Габриела Михајловска, членови.

Тужбата на ВМРО-ДПМНЕ УП1.10-487 ќе ја разгледува Советот на судии со кој ќе претседава Есма Алибашиќ Јонуз, а членови се Розалиа Кочковска, Ана Герасимовска, Тања Терзиева и Ељмедине Асани.

Управниот суд синоќа ја заврши расправата по две тужби поднесени од Коалицијата предводена од СДСМ за решенијата на ДИК за приговорите за предвремените парламентарни избори на 11 декември.

Одлуките по тужбите Управниот суд треба да ги донесе најдоцна 24 часа по расправата по нив и да ги објави на неговата веб страница. Одлуките на Управниот суд се конечни.