Филе не им конвенира на Атина и Софија
Филе е директен виновник за лошиот извештај што Европската комисија неодамна го објави за напредокот на Бугаријa...

Филе е директен виновник за лошиот извештај што Европската комисија неодамна го објави за напредокот на Бугарија во рамки на верификацискиот механизам за соработка, - објави бриселскиот неделник „Нова Европа“. Според весникот целта е да биде урната Владата на Пламен Орешарски, предводена од Социјалистичката партија.
Еврокомисијата не смее да се меша во внатрешните работи на земјите-членки и сигурно некој ќе плати за ова. Прв, најверојатно ќе биде комесарот за проширување Штефан Филе, кој е одговорен за бугарскиот извештај.
Според наведеното во неделникот, Бугарија ќе биде втората земја која ке ги попречи амбициите на комесарот Фуле за иден можен наследник на бароницата Ештон. На прво место и понатаму останува Грција која на Филе му забележува поради инсистирање за напредок на Македонија во евроинтеграциите и силниот притисок врз грчките власти да дозволат земјава да ги почне пристапните преговори со Европската Унија.
Марина Стојанова-Тонева постојан дописник на МРТ од Брисел
