Меркел: Тешко ќе прифатиме ако напаѓачот е азилант

20.12.2016 12:11

Германската канцеларка Ангела Меркел видно вознемирена порача дека ако се потврди дека напаѓачот добил заштита во Германија, тоа ќе биде тешко прифатено од сите во земјата...

Во своето прво обраќање по вчерашниот терористички напад во центарот на Берлин, во кој загинаа 12 луѓе, а 48 беа повредени, германската канцеларка Ангела Меркел видно вознемирена порача дека ако се потврди дека напаѓачот добил заштита во Германија, тоа ќе биде тешко прифатено од сите во земјата.

Знам дека ќе биде особено тешко за сите нас да прифатиме доколку лицето кој го извршил овој акт побарало заштита и азил во Германија, изјави канцеларката Меркел на прес-конференција во Берлин.