Одбраната на Заев бара изземање на обвинителот од случајот „Поткуп“

20.12.2016 12:53

Одбраната укажува дека постојат сериозни индиции дека обвинителот бил дел од злосторничко здружување, и поради тоа поднеле кривична пријава до Специјалното јавно обвинителство.

Адвокатскиот тим на лидерот на СДСМ, Зоран Заев побара изземање на јавниот обвинител во случајот „Поткуп“, што продолжи денеска во Кривичниот суд во Скопје. Одбраната укажува дека постојат сериозни индиции дека обвинителот бил дел од злосторничко здружување, и поради тоа поднеле кривична пријава до Специјалното јавно обвинителство.

Според обвинителчството пак, како градоначалник на Општина Струмица, Заев побарал поткуп од речиси 164 илјади евра од струмички бизнисмен за градежно земјиште.

Одлуката за изземање на обвинителот треба да ја донесе виш јавен обвинител, за гонење организиран криминал и корупција.