Сочувство од Иванов до Путин и Гаук

20.12.2016 13:29

Иванов упати телеграма со сочувство до рускиот претседател Владимир Путин по повод атентатот врз амбасадорот на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов, и телеграма со сочувство до претседателот на Сојузна Република Германија, Јоахим Гаук, по повод терористичкиот напад во Берлин.

Македонскиот претседателот, Ѓорге Иванов, упати телеграма со сочувство до рускиот претседател, Владимир Путин, по повод атентатот врз рускиот амбасадор во Турција, како и телеграма со сочувство до претседателот на Германија, Јоахим Гаук, по повод терористичкиот напад во Берлин.

„Со шокираност и со чувство на огорченост ја примив веста за атентатот врз амбасадорот на Руската Федерација во Република Турција, Андреј Карлов. Ова ѕверско убиство е напад против сите правила и принципи на меѓународните односи.  Дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое, лично име, да ви упатам изрази на длабоко сочувство“, стои во телеграмата од Иванов до Путин.

Во онаа до Гаук, пак, е наведено: „Во овој празничен период, кога треба да го бараме најдоброто кај луѓето, особено е тешко што мораме да се соочиме со најлошата страна на човештвото. Со ваквиот злосторнички чин само се потврдува неопходноста од тесна соработка за справување со тероризмот“- стои меѓудругото во телеграмата од Иванов до Гаук.