СДСМ: Управниот суд одлучувал без претставник на партијата

20.12.2016 13:34

Според СДСМ, Управен ја отворил и завршил расправата по предметот без обезбедено присуство на тужителот, односно претставници на Социјалдемократскиот сојуз, не доставил покана до подносителот, туку за седницата известил преку интернет, 40 минути пред почетокот.

Социјалдемократите реагираат за седницата на Управниот суд, на која се одлучуваше по тужбата за гласањето на едно избирачко место во Теарце. Според СДСМ, Управен ја отворил и завршил расправата по предметот без обезбедено присуство на тужителот, односно претставници на Социјалдемократскиот сојуз, не доставил покана до подносителот, туку за седницата известил преку интернет, 40 минути пред почетокот.

„Со ова е ускратено правото на образложение на тужбата од страна на СДСМ“- велат од партијата, од каде посочуваат и дека институциите се должни да работат во служба на граѓаните, без какви било каклулации во постапувањето и одлучувањето.