Управниот суд решава по тужбите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
Управниот суд ги разгледа четирите тужби на СДСМ, и едната на ВМРО-ДПМНЕ, кои се однесуваат на приговорите од ДИК. Судот до 19 часот треба да ги објави одлуките на сопствената електронска страница.

Управниот суд на јавна седница во три посебни совета од петмина судии ги разгледуваше двете тужби на СДСМ и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ за одлуките на Државната изборна комисија. Тужбите на СДСМ се за постапката за гласање, сумирање и утврдување на резултатите од две избирачки места во општината Теарце.
Овластените претставници на СДСМ побараа Управниот суд со пресуда да ги поништи решенијата на ДИК со кои беа одбиени приговорите на СДСМ, поради, како што рекоа незакононското постапување на ДИК.
Во Управниот суд се разгледуваше и тужбата на ВМРО-ДПМНЕ со која се бара да се преиначи решението на ДИК со кое се поништи гласањето во избирачко место во Гостивар во шесттата изборна единица. Овластениот претставник на ВМРО-ДПМНЕ во тужбените наводи посочува дека ДИК донела одлука која што ги повредува одредбите од изборниот законик и постапката за постапување по приговорите.
Управниот суд вчера ги разледа двете тужби на СДСМ кои се однесуваа на избирачките места во Теарце и Тетово во шестата изборна единица.
Во Управниот суд велат дека пресудите ќе се донесат во законскиот рок и ќе бидат објавени на веб страницата на судот. Одлуките на Управниот суд се конечни и против нив партиите немаат право да поднесат жалба или друг вид на правна заштита, освен во случаи определени во изборниот законик.
Игор Панов
