Берлин: Уапсен погрешен човек, напаѓачот сѐ уште на слобода
Податоците кои ги дал осомничениот биле проверени и се покажале како точни. Полицијата сега стравува дека напаѓачот е во бегство, вооружен и дека може повторно да нанесе штета.

Уапсениот пакистанец, осомничен за нападот на Божикниот пазар во Берлин не бил возачот на камионот со кој беа убиени 12 луѓе. Податоците кои ги дал осомничениот биле проверени и се покажале како точни. Полицијата сега стравува дека напаѓачот е во бегство, вооружен и дека може повторно да нанесе штета.
„Ова е едноставно несфатливо. Не можам да поверувам. Кутрите луѓе“.
„Она што се случи е многу лошо, но не можете да се скриете од тоа“, велат жители на Берлин.
Бегалците во Германија го осудија вчерашниот напад и изразија жалење за жртвите.
„Ова е тероризам. И ние сме цели на тероризмот како и сите други. Кога и да се случи нешто вакво, ние сме главните осомничени. Никој при здрав разум не може да го оправда ваквиот чин“, изјави еден бегалец.
Германскиот министер за внатрешни работи Томас Де Мезиер на прес- конференција изјави дека повеќе нема сомнение дека ужасниот напад биле претходно планиран.
„Смртоносниот напад не треба да го поткопа нашиот либерален и отворен начин на живот. Ако ги оставиме одговорните на слобода тие веќе победиле“, изјави министерот за внатрешни Де Мезиер.
Берлинската полиција соопшти дека истрагата продолжува и ги повика сите граѓани да пријават каква било сомнителна активност. Истовремено им порача и да останат мирни и воздржани.
Марина Автовска
