Ракомет

СЕХА како загревање пред елитниот пекол

04.02.2014 17:05

По Веспрем како посериозна контрола, нашиот ракометен вице првак вечерва...

По Веспрем како посериозна контрола, нашиот ракометен вице првак вечерва во СЕХА друштвото според квалитетот, ќе истрача на лесен тренинг со Борац. Без потценување на босанскиот тим, но разликата во квалитертот е неспорен и евидентен, па дури и ако Червар како и досега пушти на терен поголем дел од резервистите.

Во секој случај се оди на целосен учинок кој во најмала рака би ги изедначило металурзите со вардарци во регионалниот табеларен бодовен биланс, додека поредокот би останал ист. Металург во овој дуел влегува во 12-тото коло од 4-тата позиција, противникот Борац од предпослената во 13-та за нив рунда.

Со победа Металург ќе направи поголема дистанца од Мешков, тим кој е залепен на само бод до екипата од Автокоманда, а кој за 4 дена ќе има лесна задача дома против Ловќен.

Не е завршена работата, но на добар пат се и Металург и Вардар до зацртаната цел, пласман во СЕХА фајнел-фор завршницата.

Вечерва 17.45 арена Борис Трајковски, Металург-Борац.