Потреба од повеќе згрижувачки семејства
Да се подари пред празниците, особено на децата, е потег што може да исполни. Во Детското село во Скопје, 60-тина згрижени добија пакетчиња од Дедо Мраз. Но, родителската љубов не може да се надомести...

Омилените ликови од цртаните филмови донесоа радост во СОС Детското село. Дополнително 60- тината жители што се сместени овде, добија пакетчиња од Дедо Мраз. Иако не се со нивните биолошки мајки, СОС мајките се трудат тие да имаат убаво детство. Ова е најдобриот начин децата кои растат без родители да добијат љубов и внимание, вели директорката на СОС Детското село.
Освен овде, во Скопје има и 70- тина семејства кои згрижуваат деца без родители. Од СОС детското село велат дека им помагаат на овие хумани луѓе. Преку обуки и поддршка работат на подобрување на квалитетот на грижата за децата.
Во земјава има над 210 згрижувачки семејства во кои се сместени околу 300 деца без родители и родителска грижа, како и деца со пречки во развојот.
Од друга страна во СОС детското село во изминативе години поминале 150 деца. 50-тина кои ја напуштиле институцијата сѐ уште добиваат помош.
Наташа Јанчиќ
