Прием кај претседателот Иванов, стимул за нова жетва на медали на ЕП
Во пресрет на патувањето за Лисабон, каде што ќе настапи на Европското првенство за помлади категории, делегација на Карате федерацијата на Македонија беше на прием кај претседателот на Република Македонија, неговата екселенција д – р Ѓорѓе Иванов. Како што беше истакнато, приемот од највисокиот државен орган е најголем можен стимул за младите македонски спортисти, кои даваат се од себе, за да ја претстават својата земја на најдобар начин, на најзначајните меѓународни натпреварувања.

Во пресрет на патувањето за Лисабон, каде што ќе настапи на Европското првенство за помлади категории, делегација на Карате федерацијата на Македонија беше на прием кај претседателот на Република Македонија, неговата екселенција д – р Ѓорѓе Иванов. Како што беше истакнато, приемот од највисокиот државен орган е најголем можен стимул за младите македонски спортисти, кои даваат се од себе, за да ја претстават својата земја на најдобар начин, на најзначајните меѓународни натпреварувања. Успесите никогаш не се случајни, туку произлегуваат како резултат на студиозна и макотрпна работа, како на организациски, така и на спортски план. Затоа по беше четврти пат во изминатиот период, дел од најдобрите македонски каратисти и функционери на КФМ, има чест да бидат примени од претседателот на Република Македонија, и да го запознаат со своите високи остварувања.
Конкретно, за изминатата 2013 година, како продолжение на претходните, каратето беше вистински амбасадор на државата, почнувајќи од континенталните шампионати за сениори и за помлади категории, како и Светското првенство за кадети и јуниори, од каде што нашите спортисти се враќаа со трофеи. Исто така, сериозноста на КФМ е потврдена и на организациски план, затоа што од година во година претставува се позначаен фактор, не само во регионот, туку и во светот. Сето тоа е видливо и на традиционалниот Избор на најдобрите спортисти на годината, на кој, Карате федерацијата заедно со Ракометната федерација на Македонија, последниве години има најмногу номинации, како и награди. Претседателот Иванов беше запознат и со состојбите околу светското карате, и заложбите за влез на програмата на Олимписките игри, а поради големата поддршка која им ја дава на нашите каратисти, му беше врачена Плакета, за особен придонес во развојот и афирмацијата на карате спортот.
